Музичката дива стави крај на озборувањата
Таа често беше мета на коментари поради својот изглед и вишокот на килограми, а нејзиното последно појавување во јавност сведочи дека таа прилично работела на својот изглед во последно време. Музичката дива видно успеала да се ослободи од вишокот килограми и изгледа посреќна од било кога.
Повеќекратната добитничка на Греми, Адел моментално престојува во Малибу па американските папараци конечно после долго време успеаа да ја фотографираат. Нејзиниот нов изглед ги воодушеви нејзините фанови, овој викенд таа уживаше со своите пријатели на вечерна забава а нејзината нова фигура неможете да не помине незабележано.