Категории

Ева Мендез направи модна катастрофа?

Иако ретко се појавува во јавност, тогаш кога ќе се појави неретко се случува да направи погрешен моден избор.

Откако стана мајка, една од најубавите актерки во Холивуд ретко се појавува во јавноста и прави пауза од гламурот и црвениот тепих, а многу кажуваат дека очигледно го изгубила и чувството за мода.
Пред неколку денови, Ева Мендез правеше промоција на новата колекција облека во партнерство со New York & Company, а за свечената коктел забава на која присуствуваа нејзини блиски пријатели и соработници, познатата актерка избра краток фустан со леопард принт во црвена боја кој го искомбинира со црн каиш, црни хулахопки и високи потпетици.

Освен што модните стручњаци ја искритикуваа дека таквиот фустан е ужасен и комбинацијата со црни хулахопки е големо „Не!“, ја искритикуваа дека високите потпетици на платформа кои ги носеше, веќе одамна не се во тренд.

Прегледи:
451
Објавено на:
14.11.2019