Категории

Најчудните венчаници на познатите дами за кои и ден-денес се зборува

Ретко кој би се осмелил да изгледа вака на својата свадба

Белата раскошна венчаница и долгиот вел се традиција и најчест избор на многу жени на својот насреќен ден. Но некои од нив сепак избрале да бидат поинакви па изненадиле со својот избор.

Мерлин Монро ја шокира јавноста кога на 14 јануари 1954 година се појави пред градскиот матичар во Сан Франциско облечена во црн костим за венчавањето со Џо Димаџио.
Додека некои ја осудуваа поради нејзиниот избор, други го оправдаа изјавувајќи дека според непишаните свадбени правила, на невестата и е дозволено само еднаш да облечи бело, а на Мерлин тоа и бил втор брак, па белиот фустан го носела на својата прва свадба кога имала 16 години.

Пајпер Перабо за својата свадба избра светликав фустан од модната куќа Мајкл Корс

Кристен Бел се омажи во црна маица и панталони

Ракел Велч на својот најсреќен ден одбрала краток везен коктел фустан

Лорен Бакал се омажи за Хемфри Богарт во едноставен костим

Рита Вилсон избра нестандардна бела мини венчаница

Џулијан Мур на својата втора венчавка носеше долг фустан во виолетова боја

Кира Најтли носеше розов фустан на црвениот тепих само еден ден пред својата венчавка кога повторно го носеше истиот фустан

Прегледи:
488
Објавено на:
16.11.2019