Категории

Фризерите откриваат – Ова е идеалната боја на коса која стои добро на секого

Со оваа боја нема никогаш да погрешите

Поминаа оние денови кога едноставните нијанси на коса беа во тренд. Оваа сезона вистински хит се повеќе нијанси на коса, а фризерите ја пронајдоа соршената формула која одлично му стои речиси на сите. Било да имате кафеави, зелени или сино очи, топол и ладен подтон на кожа, оваа боја ќе ви стои перфектно. Нијансата именувана на интересен начин – „пиво од ѓумбир“ е онаа која може да ја носи секој.

Освен тоа што има интересно име, оваа боја и изгледа интересно. Се работи за комбинација од смеѓа, црвена и кафеава боја. Резултатот е нијанса која може да се прилагоди на сите стилови и бои на гардероба.
Бојата можете да ја модифицирате по своја желба, во зависност од тоа дали сакате светли или темни нијанси. Доколку сакате малку подлабоки тонови, додадете повеќе кафеава фарба, а ако сакате портокалов отсјај во тој случај додадете повеќе плава фарба.

Прегледи:
588
Објавено на:
20.11.2019