Категории

Намирници кои ги консумирате секојдневно, а најчесто создаваат главоболки

Внимавајте, консумирањето на овие намирници ги стеснува крвните садови, што предизвикува главоболка

Мигрената е силна главоболки која почнува нагло, а болката во главата е обично пулсирачка. Многу фактори го поттикнуваат нападот на мигрена – од менструалниот циклус или овулација, недостатокот или недоволниот сон, а главен фактор можат да бидат и намирниците кои ги конзумираме.

Потврдено е дека главни прехрамбени поттикнувачи на мигрена се хемиските споеви вазоамини затоа што предизвикуваат стеснување на крвните садови. Тираминот кој се наоѓа во јогуртот, киселото млеко, сирењата, црвеното вино, сувомеснатите прозиводи е еден од нив, напоменува акдемикот и невролог Вида Демарин.

Главоболката можат и да ја лечат кофеинските напитоци, темното чоколадо и риба, црвениот и белиот и црвен лук, спанаќот, цвеклото, зелената салата, ананасот, бананата, авокадото, итн.

Во ризични намирници спаѓа храната која содржи киселина и квасец, нитрити и мононатриум глутамат кој се користи како конзерванс, аспартам – вештачки засладувач, тетразин, сумпорни диоксид, сол и натриум бензоат (конзерванс).

Прегледи:
526
Објавено на:
20.11.2019