Категории

Чај кој спречува мрсење на косата: Направете природно средство за чиста и бујна коса

Ставете го ова растение во вода, па потоа нанесете ја течноста на вашата коса! Одлично средство кое спречува косата брзо да се мрси…

Ако имате мрсна коса, тогаш знаете дека честото миење може само да ја влоши состојбата.

Затоа, за нежно да го избалансирате прекумерното лачење на лојните жлезди, прибегнете кон природни средства.

По секое миење во косата, темелно измасирајте 1 – 2 литри, (во зависност од должината) концентриран чај од една од следниве билки:

  • ловоров лист
  • невен
  • камилица
  • лаванда
  • коприва
  • питомо нане
  • рузмарин

Откако ќе ја натопите косата, исцедете го остатокот од течноста, потоа завиткајте ја косата во крпа и оставете да делува околу 20 минути, а потоа убаво исплакнете.

Прегледи:
770
Објавено на:
10.12.2019