Категории

Едноставни совети како да внесете БОЖИЌНА дух во вашиот дом

Дали сте подготвени да ја внесете празничната магија во вашиот дом? Ние ви нудиме одлични совети како да се подготвите за новогодишните празници

Кога е во прашање празничната сезона, сите сме едногласни дека никој не може да му одолее на магичната идила која владее за време на божиќните празници. Насекаде светулки кои блескаат, дедомразовци и снешковци, божиќна музика, богати зимски мириси и што ли уште не. Ако сте подготвени да ја внесете оваа радост во вашиот дом, тогаш продолжете да читате, ние ви ги нудиме вистинските совети кои се супер едноставни.

Декорирањето може да започне
Кога се во прашање божиќните декорации, едно е јасно – не постојат правила и можете слободно да и дозволите на вашата имагинација да ве понесе. Екпериментирајте со украсите, нека биде што по блескаво и по шарено. Можете и самите да ги изработувате украсите, погрижете се да го украсите секој дел од вашиот дом за божиќниот дух да биде насекаде.

Изгаснете ги сијалиците и запалете свеќи
Нема ништо поубаво од тоа кога во мракот светат само сијаличките на елката и дискретната интимна пријатна атмосфера која ја прави светлото на свеќите. Набавете миризливи свеќи кои ќе го исполнат вашиот дом со пријатна арома.

Ставете божиќен венец на вашата врата
Божиќниот венец на влезната врата е една од најстарите традиции и секогаш предизвикува позитивно пријатно чувство кај оние кои ви доаѓаат на гости. Исто така можете да закачите и на прозорците. Природен или вештачки венец – изборот е ваш, само вештачкиот венец трае подолго и можете да го искористите и наредната година.

Користете божиќна палета на бои
Според традицијата, црвената боја е класика кога е во прашање божиќното декорирање, доколку преферирате други бои тоа е сосема во ред, но црвено-златните декорации донесуваат посебни вибрации.

Пуштете тивка музика
Секогаш кога сте дома направете плеј листа од божиќни песни и пуштете ја постојано да свири додека работите, одмарате или уживате со саканите.

Засукајте ги ракавите, време е за божиќни колачи
Божиќната трпеза не може да се замисли без нешто слатко, а особено кога тие се декорирани во форми на снешковци и дедомразовци тоа дополнително ќе го развесели вашиот празничен дух а вашите најмили ќе ги обожаваат.

Дружете се со најдрагите личности
За божиќната атмосфера да биде потполна, викнете ги вашите најблиски и најсакани на домашно дружење, ништо нема да ја исполни божиќната атмосфера толку колку дружбата со личностите кои ви се драги и покрај кои сакате да го поминувате вашето време.
Нека празничната идила започне!

Прегледи:
570
Објавено на:
12.12.2019