Категории

Кои одговори Бог му ги дал на човек

Луѓето ќе заборават што си рекол. Луѓето ќе заборават што си направил. Но никогаш нема да заборават какви чувства во нив си пробудил.

„Сонував дека разговарам со Бог.
„Значи, ти сакаш да разговараш со мене?“ рече Бог.
„Ако имаш време“ реков.
Бог се насмевна.
„Моето време е вечност. Што сакаше да ме прашаш?“
„Што најмногу те изненадува кај луѓето?“
Бог одговори:
„Тоа што детството им е досадно. Брзаат на пораснат, а потоа повторно сакаат да бидат деца.
Што го трошат здравјето за да стекнат пари, па потоа трошат пари за да го вратат здравјето.
Што размислуваат толку многу за иднината а забораваат на сегашноста.
На тој начин не живеат нити во сегашноста нити во иднината.
Што живеат како никогаш да нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.“
Бог ми ја допре дланката, потоа останавме во тишина.
Тогаш Го прашав:
„Како родител, кои животни поуки би сакал твоите деца да ги научат?“
Насмевнувајќи се, Бог одговори:
„Да научат дека никого не можат да го присилат да ги сака. Можат само да сакаат.
Да научат дека не е највредно она што го поседуваат, туку кои се во својот живот.
Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите.
Да научат дека не е богат оној човек кој има најмногу, туку оној на кого му е потребно најмалку.
Да научат дека доволни се само неколку секунди за да се повреди длабоко саканата личност, а потоа се потребни долги години за да се излечи.
Да научат да простуваат така што ќе простуваат самите.
Да спознаат кога некој ги сака нежно, но не знае како да го каже и покаже тоа.
Да научат дека со парите може да се купи се, освен среќа.
Да научат дека две личности можат да гледаат исто нешто, а да видат сосема различно.
Да научат дека вистинскиот пријател е оној кој знае се за нив, и сепак ги сака.
Да научат дека некогаш не е доволно другите да им простат. Мораат да научат и самите да си простуваат на себеси.“

Луѓето ќе заборават што си рекол.
Луѓето ќе заборават што си направил.
Но никогаш нема да заборават какви чувства во нив си пробудил.“

Прегледи:
454
Објавено на:
17.12.2019