Категории

Не можете да имате среќен живот ако и понатаму го влечете ѓубрето од минатото со себе

Време е за генерално средување на животот – Ослободете се од ѓубрето на минатото за да имате позитивна сегашност и иднина

Не можете кардинално да го промените сопствениот живот ако не влијаете врз хаотичниот терет на минатото.

Вашата животна слагалица секогаш ќе креира иста слика, ако и понатаму ги користите истите елементи, иколку да сте ги измешале на почетокот.
Почнете свесно да се креирате себеси како личност, бидете свесни за она што сакате да го постигните и што сакате да остане во вашиот живот а на што му е време засекогаш да замине во минатото.

За генерално да го средите вашиот живот, почнете од сегашноста. Таа е реална и е сега и тука. Комплетното чистење на тековните мигови од ѓубре ќе ви ја промени и освежи вашата енергија, а тоа ќе ви биде потребно за во иднина.

За почетокот на оваа година, започнете навистина од вистинското ѓубре.
Се што не користите, било да се предмети, гардероба, спакувајте ги и ослободете се од нив, било да ги продадете, подарите, или исфрлите.
Колку повеќе исфрлате стари и некорисни нешта од вашиот живот тоа подобро тој ќе функционира во иднина.

Сега преминуваме на се негативно што влијае бескорисно врз вашето секојдневие, сета негативна енергија која кружи околу вас како чад и постојано ве гуши и ве влечи наназад.
Ослободете се од оние пријатели кои постојано шират негативна енергија, кога и да сте покрај нив тие постојано се жалат или се незадоволни. Оние кои ја убиваат вашата самодоверба и ве прават несреќни како што се и тие самите.

Доколку отсега па натаму сакате да ве опкружува само среќа, благосостојба и успех, морате да се фокусирате на тоа кој ги попречува сите тие да влезат и опстанат во вашиот живот. Не им дозволувајте веќе да влијаат врз вас и да ве прават да личите на нив, имате право на нов чист почеток каков што посакувате. Сега е вистинскиот миг!

Прегледи:
441
Објавено на:
02.01.2020