Категории

Не се плашам од студеното време, се плашам од студените луѓе

„Се плашам од оние луѓе кои секогаш се прават најдобри пријатели и зборуваат дека секогаш може да се потпреш на нив, но кога ќе дојде момент на криза бегаат и се кријат без трага.“

Се плашам од сите оние сенки кои секогаш поминуваат покрај нас без зборови и без глас. Се плашам од оние усилени насмевки кои изгледаат толку вештачко што те тераат да се прашуваш што се наоѓа позади нив. Се плашам од оние преголеми љубезности и услужливости кога само чекаш миг кога таа личност ќе ти каже нешто кое толку ќе те затресе што веќе нема да можеш да бидеш сигурен во никого.

Не се плашам од студеното време, се плашам од студените луѓе. Се плашам од оние луѓе кои секогаш се прават најдобри пријатели и зборуваат дека секогаш може да се потпреш на нив но кога ќе дојде момент на криза бегаат и се кријат без трага. Се плашам од луѓето кои стануваат непријатели преку ноќ без да се случило нешто и потоа се прашуваш кога дошло вистинското студенило и што е она што ги натерало да се однесуваат така спрема тебе и да сфатиш дека всушност не си бил ти проблемот.

Не се плашам од студеното време, се плашам од студените луѓе. Се плашам од односите кои не се вистински односи, туку мерење на силите, барање корист и само поминување заедничко време додека не наиде некој трет. Се плашам од луѓе кои влегуваат во твојот живот и се однесуваат како да влегле во некој трговски центар и само размислуваат што можат да земат и со што можат да го платат па кога ќе забележат дека веќе нема ништо, излегуваат и продолжуваат понатаму.

Не се плашам од студеното време, се плашам од студените луѓе. Се плашам од преправањето и истрошените улоги во кои лошата глума го заменува сето она што сме и можеме да бидеме. Студеното време ќе дојде и пројде но луѓето тешко се менуваат, тешко ги оставаат старите навики, и тешко ќе препознаеш кој се наоѓа поади маската а кој пристапува со искреност и отвореност.
Треба време додека го научиш сето тоа, а додека забележиш сето тоа поминало, и не останало ништо.

Прегледи:
499
Објавено на:
03.01.2020