Дури и во овие несигурни времиња важно е да се задржи реален поглед на нештата во нашиот живот.
„Вистинско богатство е способноста да се искуси животот во целост.“ – Хенри Давид Торе
Ова се некои од причините поради кои сте среќни:
-Синоќа не сте заспале гладни.
-Утрото сте се разбудиле со покрив над главата.
-Можевте да одберете која облека ќе ја облечете денес.
-Не сте се плашеле за својот живот денес.
-Често се грижите што ќе направите со својот живот – вашата кариера, семејство, следниот чекор итн. а тоа значи дека имате амбиција, страст, елан и слобода да донесувате сопствени одлуки.
-Имате пријатели или членови од семејството на кои му недостигате и кои се радуваат на секоја следна средба со вас.
-Прилично сте силни и здрави – денес да се разболите, можете да се опоравите.
-Имате пристап до храна и чиста вода.
-Имате пристап до интернет (за да можете да го прочитате овој текст)
-Можете да читате.
Вистината е дека ви е подобро од многу луѓе на овој свет.
Некои би рекле дека сте богати и затоа сетете се да бидете благодарни за се што ИМАТЕ.