Категории

За неа зборуваат, пишуваат, сонуваат – Омега жена: Еве каква е таа!

Таа била повредена, таа патела и плачела. Затоа се обидува да се сокрие во својата школка и да ја одбегне опасноста да започне војна со сите оние кои сакаат да ја видат како повторно пати. Но немојте да мислите дека тоа е знак на слабост или страв..

[adrotate banner=”31″]

Таа е дел од толпата, но секогаш живее по свои правила и се одвојува од другите. Таа ги следи нив, но ако погледнете подобро, таа чекори по сопствено темпо. Се движи бавно и одмерено, со трпение и внимателност.
Не смеете да ја потценувате, иако е скромна, таа е жестока и бестрашна.

[adrotate banner=”30″]

Таа се прилагодува на околината, но нејзиното време се ближи, ќе дојде ден кога ќе заблеска над сите. Некои можеби ќе ја сфатат погрешно. Ќе мислат дека е поинаква, чудна, непријатна и комплицирана. Но само ќе изгубат време играјќи егоистични игри. Таа и понатаму ќе се бори и ќе ги остави да мислат дека можат да ја победат. Но таа знае дека во оваа психолошка војна,само таа може да биде победник.

Таа е бунтовничка, шепоти посилно од ураган. Таа ја чита душата на секој оној кој ќе ја пресретне на нејзиниот пат, го чита со само еден поглед.
Таа има невообичаена убавина, како древна ѕвездена светлина која ја милува планината и ги отсликува длабоките емоции на полноќната месечина.

Таа била повредена, таа патела и плачела. Затоа се обидува да се сокрие во својата школка и да ја одбегне опасноста да започне војна со сите оние кои сакаат да ја видат како повторно пати. Но немојте да мислите дека тоа е знак на слабост или страв, таа е силна и нејзината моќ пулсира во нејзините вени а искрите кои пламтат во нејзиното срце можат да започнат ненадеен пожар во секој миг.

[adrotate banner=”32″]

Таа е студена, но е многу силна и мудра. Таа ја прифаќа туѓата тага и нивниот бес, и знае како да ги смири, затоа што поминала низ нив. Луѓето ја разбираат погрешно поради нејзиниот ранлив изглед. Но токму поради тоа кога ќе ја изгубат, ќе копнеат по неа сиот свој живот, но таа нема никогаш да се врати назад.

Таа ќе стане осамен волк, со молња во очите. Таа знае како треба да сака и како да биде сакана, и знае дека мора да се стави себеси на прво место. Таа копнее по бескрајна, слободна, нежна и волшебна љубов. Таа е вљубена во се што се движи и живее, во морињата и океаните, во сјајот на утрото и мракот на ноќта.
Универзумот ја штити, а таа се препушта себеси во неговата закрила.

Прегледи:
495
Објавено на:
11.01.2020