Категории

Има мигови кога човек се смее, а однатре се распаѓа

Постојат мигови кога внатрешноста и надворешноста не се поклопуваат затоа што животот е премногу сложен, а ни не знаеме како да се носиме со тој предизвик..

Постојат такви мигови кога внатре во него ќе се насобере се и не може повеќе да го поднесе туѓото потценување, ниските удари, игнорирањето, омаловажувањето и останатите повреди кои ги добива. Постојат мигови кога човек одвнатре умира, а надвор на лицето блеска насмевката. Тој човек не е лицемер, тој човек е борец кој не сака да се предаде и кој има верба во иднината.

Постојат мигови кога човек се распраѓа одвнатре а надвор на фасадата се изгледа совршено. Се случува тоа кога ќе сфати колку се разочарал себеси тогаш кога не се борел против она што му нанесувало зло, туку трпел и толерирал се што не смее. Постојат мигови кога човек однадвор изгледа cool,  а всушност во себе му е грижа како ќе го погледнете, што ќе му кажете, со каков тон ќе му пристапите и што ќе направите.

Постојат мигови кога внатрешноста и надворешноста не се поклопуваат затоа што животот е премногу сложен, а ни не знаеме како да се носиме со тој предизвик. Се случува покрај сите проблеми, човек сам себеси си го комплицира животот уште повеќе и донесува одлуки кои го туркаат во провлаија наместо да го извлечат. Мигови кога животот се претвора во пекол и кога би направил се за да може на мира да го исплаче сето она кое се наоѓа во него или некому да му го каже.

Постојат мигови во човековиот живот кога среќата и несреќата се мешаат, мигови кога станува свесен дека некои рани не може да ги преболи а не може нити да ги заборави. Тоа се тешки мигови во кои остануваме сами со себе и бараме некој да ни биде блиску и да не сослуша. Мигови кога ни е потребно парче надеж за да можеме да продолжиме во новиот ден.

Прегледи:
436
Објавено на:
10.01.2020