Кога ќе остариш ќе жалиш што си пропуштила прилики да патуваш, што не си носела повеќе крема за сoнчање, што не си читала доволно книги, што си трошела време залудно на некои луѓе..
Кога ќе остариш ќе жалиш што си пропуштила прилики да патуваш, затоа што еднаш кога ќе остариш ќе имаш повеќе членови во семејството, обврски и трошоци и нема да можеш толку лесно да организираш патувања.
Ќе жалиш што не си научила некој нов јазик, затоа што колку повеќе одолговлекуваш, толку потешко ќе биде да научиш.
Ќе жалиш што си останала во лоша врска, затоа што сега сфаќаш дека си можела и порано да ја прекинеш истата.
Ќе жалиш што не си носела повеќе крема за сoнчање затоа флеките од сонцето, а во најлош слушај и рак на кожата не се пријатни искуства. А си можела да ги спречиш.
Ќе жалиш за пропуштената прилика да го запознаеш омилениот пеач. Секогаш верувајќи дека ќе има прилики, а еве сега гледаш дека тоа била само една која не си ја искористила, затоа што си чекала.
Ќе жалиш што си се плашела да направиш некои нешта, упорно си се држела до својата зона на комфорот, од која си требала да излезеш одамна. Не си вежбала на време, затоа што сега е навистина тешко да се натераш на физичка активност.
Ќе жалиш што си пропуштила да бидеш она што сакаш, да ги срушиш бариерите.
Ќе жалиш што не си дала отказ од онаа ужасна работа. Јасно е дека си морала да ги плаќаш сметките, но да си била по храбра си можела да работиш и по креативна работа, да се осмелеше да бидеш храбра и да веруваше во остварувањето на својот сон.
Ќе зажалиш што не си се трудела во училиште. Без оглед на оцените, ќе ти биде жал што не си ги слушала предавањата, што не си ги изучувала интересните материјали кога било време и си имала можност.
Ќе зажалиш што не си се прифаќала себеси онаква каква што си и што не си била свесна колку си убава.
Си се плашела да кажеш те сака. Знаеш дека суштината не била во тоа да добиеш одговор на изјавата, туку да ги вербализираш своите чувства и да и дадеш до знаење на личноста дека ја сакаш. Можеби никогаш не си дознала за тоа.
Ќе зажалиш што не си ги слушала советите на твоите родители. Тоа ќе го сфатиш најдобро кога ќе имаш деца и кога ќе видиш дека се што им зборуваш, има само добри намери и цели.
Ќе зажалиш што си се грижела што мислат другите. Затоа што ќе знаеш дека твојот живот е само твој и никој нема право да ти зборува што да правиш.
Ќе зажалиш што си трошела време залудно на некои луѓе, места, случувања, наместо да си продолжела понатаму. Што не си застанувала за себе, а си требала, секогаш.
Што не си им помагала на другите, затоа што емпатијата и великодушноста го збогатуваат човек одвнатре.
Ќе зажалиш што си ги занемарувала своите заби и ретко си одела на забар. Знаеш сега кога имаш протеза.
Ќе зажалиш што си пропуштила прилика да им поставиш некои прашања на своите баба и дедо пред да починат. Ќе сфатиш предоцна, но си можела да го направиш тоа на време.
Ќе зажалиш што не си читала повеќе книги, што не си научила да готвиш и да правиш специјалитети.
Ќе зажалиш што не си ризикувала во љубовта, затоа што си можела и си требала, а не си се осудула од бесмислени причини. Што не си стекнала повеќе познанства, затоа што тие ќе ти бидат најважни во животот. Пресудни за работата но и воспоставување на нови дружења.
Ќе зажалиш што не си поминувала повеќе време со оние кои ги сакаш. Не си била благодарна за она што го имаш.
Биди денес. Заблагодари се. Цени се што имаш. Сакај и кажи го тоа на глас. Направи го тоа што мислиш дека е исправно и вреди.
Подоцна ќе ти биде жал ако не го направиш.