Морате да го поседувате во вашата гардероба
Почетокот на новата година ни донесе нов update во гардеробата и додека температурите паѓаат тоа не значи дека можеме да заборавиме на женствените шик парчиња. Спојот од најновите трендови и модерната класика и материјалот кој е особено популарен во студената сезона ни го донесува идеалното модно парче кое модните следбенички го обожаваат – Кожната сукња.
Како универзално модно парче кое се вклопува во сечиј стил и можете да го комбинирате на безброј начини, бидете сигурни дека ќе го обожавате и носите се до пролет.
Таа ни доаѓа во неколку различни модели, бои и кроеви, ние ви споделуваме неколку начини на кои можете да ја комбинирате и да изгледате модерно и во тренд.