Категории

Зошто желбата ни се исполнува кога најмалку очекуваме?

Најослободувачкото искуство е кога сте во можност да живеете живот со став, без очекувања.

Кога имате очекувања, имате однапред создадена идеа за тоа какви би требале нештата да бидат. Очекувањата создаваат страв затоа што мислите дека она што го посакувате може и нема да се случи.
Кога немате очекувања, можете само да му се препуштите на текот на универзумот и нема да бидете врзани за резултатите. Секој исход може да ве приближи до поглема реализација на своите желби.

Кога сте врзани за резултатот, можете да очекувате дека нештата ќе се случат во одредено време, на одреден начин. Но кога тоа не се случува во очекуваното време или на очекуваниот начин, доаѓа до чувство на страв. Затоа е подобро да немате очекувања кога и како нештото ќе се манифестира.
Стравот, сомнежите и грижите се последните нешта кои би сакале да ги доживеете во процесот на манифестирање на желбите. Затоа најдобриот начин за создавање на она што го сакате е – одвојувањето.

Кога немате никакви очекувања, вие го препуштате исходот на универзумот. Секогаш можете да добиете многу повеќе кога немате очекувања, затоа што Бог е во состојба да направи повеќе од тоа што можете да замислите.
Оставете го исходот во Божјите раце додека делувате во склад со остварувањето на вашите желби.

Препуштете се на процесот и знајте дека добрите нешта доаѓаат кај вас кога најмалку очекувате.
На тој начин не сте во константен стрес и исчекување.
Она што го посакувате можеби е потребно повеќе време за да се случи. Личноста треба да има опуштено и самоуверено очекување дека нејзината желба ќе се оствари. Таа треба да верува но не и желно да исчекува.
Немојте да го очекувате очекуваниот исход, само верувајте дека вашата желба е на пат да стане реалност.

Прегледи:
849
Објавено на:
21.01.2020