Кралската дама во совршен црвен стајлинг
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон покрај својот сопруг, Принцот Вилијам присуствуваа на свечен прием во Бекингамската палата во чест на самитот помеѓу Обединетото кралство и Африка.
Војвотката за оваа прилика избра гламурозен фустан во темна црвена боја украсен со светки од брендот Needle & Thread. Фустанот Aurora е дел од пролетната колекција за 2020. Целокупниот стајлинг го надополни со црвен салонки од Gianvito Rossi и ташна од нејзинaта омилена дизајнерка Jenny Packham.