Цена од која ќе ви се заврти во главата
Венчаницата која е проценета за најскапата венчаница во светот, беше јаготката на шлагот на последната колекција на египетскиот дизајнер со која ја затвори модната ревија.
Дизајнерот Хани Ел Бехаири ја создаде најскапата венчаница на светот која вреди вртоглави 15 милиони долари, а ја носеше познатата египетска актерка Маи Омар.
Венчаницата е изработена од кристали и има вел долг неколку метри украсен со звездички. Предниот дел е пократок така што ги открива нозете, додека позади таа се протега до подот.