Категории

Вие сте се избрале уште пред самото раѓање – Како ќе ја препознаете СРОДНАТА ДУША

Не прифаќај ништо помалку од тоа. Ни поради времето кое поминува. Луѓето кои ти зборуваат дека ти бега. Злобните погледи и озборувања, затоа што сте се договориле одамна, уште пред раѓањето. Дека ќе чекорите еден покрај друг и ќе ја упивате светлината како едно битие.

Еднаш одамна, пред самото раѓање, си го одбрала баш него. Со кого ноќта е премногу кратка за да си го кажете сето она што сакате да си го кажете. Чија душа те милува, не те допира. Кој верува во тебе и те тера да веруваш во себе и кога немаш верба во себеси. Ти кажува дека си важна, нему и на целиот свет.
Ќе го познаеш по душата која трепери и сјајот во очите кој искри кога ќе се појавиш. По прегратката која е толку цврста, како да се плаши дека ќе те испушти од раце.

Од првата средба во овој свет веќе ништо нема да биде само црно или бело, туку цела лепеза од шаренила. Секое со нова насмевка, нови зборови, нов здив. Ќе ти треба како воздух без кој не можеш. На чиј недостаток можеш да се навикнеш.

Не го гради животот без оној кој си го одбрала некогаш порано, уште пред самото раѓање. Затоа што без него се ќе биде како кула од карти која може да се сруши во еден здив.
Тоа е тој со кого ти е доволно само да бидеш. И да не морате баш ништо. Затоа што сте предодредени за вечност и љубов која го збунува разумот. Во која не се вклопува ништо смислено. А поголема смисла од тоа неа.

Поради него твојот ум ти изгледа како најголем мачител. А срцето создава најубави ноти. И расте надвор од границите на познатото. Душата ти трепери секој пат како првиот кога сте се сретнале и допреле. Дури и по десет, дванаесет години, ќе биде исто, како и првиот пат.

Ќе го познаеш по љубовта. Затоа што растеш кога ти приоѓа. И прави да се чувствуваш сакано, дури и кога не ти го кажува тоа. Дури и кога сеуште не е свесен ни самиот.
Вредна си за таа љубов. Таа која гради тврдини, лета преку планини, која прави планетата да биде прекрасно место за дишење на двајцата.

Не прифаќај ништо помалку од тоа. Ни поради времето кое поминува. Луѓето кои ти зборуваат дека ти бега. Злобните погледи и озборувања. Чувствата дека не си му дорасната, или што било друго.
Затоа што сте се договориле одамна, уште пред раѓањето. Дека ќе чекорите еден покрај друг и ќе ја упивате светлината како едно битие.
За тоа вреди да се живее, и дише.