Категории

Не го добиваме она што го сакаме – туку она што СМЕ!

Она што е наменето за нас, нема да не размине

Што ако некој ви каже дека – нема да ви се оствари она што го сакате.
Дали ќе бидете згрозени? Загрижени? Закопани во место? Тажни? Ако да, тогаш размислете добро какви вибрации пренесувате. Со што вибрирате.

Ако на пример, силно сакате да купите нова куќа, стан, кола, викендица, па сте се уплашиле од помислата дека никогаш нема да го постинете тоа, каква вибрација пренесувате?
-На отсуство (на тоа што го сакате).

Ако сакате да добиете на лото, да се ослободите од сите своите долгови и минуси на сметките или да ги затворите кредитите, а ако ви кажат дека тоа нема никогаш да се случи, каква вибраци пренесувате?
-На немање (доволно пари).

Тоа е проблемот кај отпуштањето на желбата. Силно се поврзуваме за тоа што го сакаме. А штом го сакаме, значи дека сеуште го немаме. И ова е еден од начините како го отпуштаме.
Замислуваме, претставуваме, се освестуваме – можноста дека желбата никогаш нема да биде исполнета, и што сега?

Сега треба да се живее. Се што посакуваме Универзумот веќе слушнал. На нас ни останува да пренесиме вибрација како веќе да го поседуваме, како веќе да е исполнето. Како? Зошто?
Затоа што го добиваме она преку кое вибрираме. Не добиваме што сакаме, туку она што сме. Ако ни е нам намеменето.

Ако мислиме дека можеме да бидеме среќни и исполнети само кога ќе ни остварат желбите, значи дека досега не сме нити среќни нити исполнети. Дека нашиот живот е на чекање. И така вибрираме несреќа и незадоволство а тоа и го добиваме.
И се лажеме ако мислиме дека ќе бидеме среќни кога желбата ќе се оствари, ако не сме среќни сега, нема да бидеме среќни никогаш. Затоа што секогаш ќе постои нешто друго, нешто ново кон кое ќе се стремиме и ќе го посакуваме, за да бидеме среќни, тоа е бескрајна игра.

Затоа бидете среќни тука и сега, за она што веќе го имате. Она што е наменето за вас, нема да ве размине. А она што не е, не постои начин кој ќе го присили да ви се оствари. Затоа опуштете се од притисокот дека морате да остварите се, само живејте, тука и сега!

Прегледи:
421
Објавено на:
03.02.2020