Категории

Моќта на благодарноста: Двата едноставни зборови „Ти благодарам“ прават чуда

Дали некогаш сте размислувале за тоа што се случува кога ќе изјавите благодарност? Размислете за тоа за миг.

Кажувате „фала ти“ и во дел од секундата се воспоставува блискост помеѓу вас и личноста на која сте се и се заблагодариле. Личноста на која тие зборови и се упатени чувствува дека ја цените и знае дека ви е важна. Со други зборови, благодарноста помага некој да се чувствува добро.

Едноставен е фактот дека не можете да давата а да не примате. Сите учени филозофи велат дека законот е таков: „го даваме она што го добиваме и го примаме она што го даваме, значи, самите бираме што ќе примаме во животот.“

Едноставно пробајте самите, кажете „фала ти“ и видете што ќе се случи. Обидувајте се да се заблагодарувате и пред да ви се случи она што го посакувате. Ќе бидете изненадени кога ќе забележите дека животот брзо се исполнува со прекрасни доживувања кои некои ги нарекуваат чуда.

Кога ќе направите некој друг да се чувствува добро, и вие се чувствувате добро. Кога некој друг ќе се чувствува важно поради вас, и вие се чувствувате важно.
Законите на благодарноста и забележувањето се научно утврдени. Ако верувате во тие закони и секојдневно ги повторувате, создавачката сила ќе работи во ваша корист.

Кога ќе научите да цените се што другите прават за вас би ви го олеснило животот, пред вас ќе се остваруваат фантастични можност. Сами го создавате своето искуство и затоа го создавате така што ќе биде почно со почитување и благодарност. Бидејќи сами бирате какво ќе ви биде искуството, имате прилика да го покажете овој облик на љубов.

Се почнува со благодарноста, така што ќе изговорите два едноставни зборови. Се што ќе дадете, ви се враќа поубаво и подобро. Се зависи од вас. Уверете се во моќта на благодарноста и искажете го она што некои го нарекуваат облик на молитва.

Прегледи:
445
Објавено на:
03.02.2020