Холивудската убавица покажа дека за сексипил и женственост не е потребна голотија
Холивудската ѕвезда Марго Роби овие дена го промовира својот најнов филм “Birds of Prey”, ова е нејзиниот стајлинг за време на британската премиера.
Славната австралиска убавица која оваа година е во трката за освојување на златната оскаровска статуетка, плени огромно внимание со својот стајлинг за време на британската премиера на нејзиниот најнов филм “Birds of Prey”.
Како заштитно лице на модната куќа Chanel, Марго често ја гледаме во парчиња со потпис на овој култен француски бренд, па така и овој пат таа се одлучи за минималистички целосно црн стајлинг од долчевита сукња со сатенски детали која ја искомбинира со црна ролка. Целокупниот изглед го заокружи со блескави обетки.