Категории

Намирници кои помагаат во растењето на косата

Овие намирници кои ги конзумирате секој ден помагаат вашата коса да расте побрзо

Пилешко
Пилешкото изобилува со протеини кои се од големо значење за здравата коса и нејзиното растење. До опаѓање на косата често делува доколку не се внесуваат доволно протеини во организмот.

Јајца
Не е важно на кој начин ги подготвувате, готвените јајца имаат одлично влијание врз растењето на косата. Тие нудат широк спектар на здравствени предности, освен што се богати со протеин и биотин кои помагаат во побрзо растење на косата, исто така помагаат и во нејзиното зајакнување.

Спанаќ
Спанаќот е полн со нутриенти од фолна киселина до железо и витамини А и Ц кои го поттикнуваат растењето на косата.

Лосос
Оваа риба е преполна со нутриенти, особено оние кои го поттикнуваат растењето на косата. Содржи протеини, витамин Д, омега 3 масни киселини и уште многу нешта кои го стимулираат растењето.

Сончоглед
Сончогледот содржи витамин Е кој е одличен антиоксиданс. Тој ги штити нашите ќелии од оштетување но го поврзуваат и со превенцијата против опаѓањето на косата и создавањето првут.

Портокал
Како што веќе знаете, портокалите се полни со витамин Ц, А и антиоксиданси кои помагаат во растењето на ксоата. Витаминот Ц помага при апсорпцијата на железо во организмот што е клучен фактор за растењето на косата.

Прегледи:
616
Објавено на:
11.02.2020