Категории

Сакаш да видиш добро во светот? – Нека доброто прво почне од тебе

Не чекај, делувај!

Животот ти е даден да го живееш со благодарност. Крени ја главата, насмевни се и исправи се, направи нешто со животот. За почеток, престани замиот себеси да се сопнуваш и животот ќе го направи останатото.
Мракот кој доаѓа е само илузија. Тоа треба да го прифатиш што побрзо. Сфати дека изборот да живееш во светлина е само твој.

Изборот да бидеш чиста љубов без оглед на се. На тебе останува изборот како ќе се однесуваш спрема животните благослови. Немој да се убедуваш себеси дека агресијата е решение за се или уште полошо, дека не постои решение за ништо па на тој начин дозволуваш бесот да владее со тебе, го оправдуваш .

Што и да ти се случило, сеуште си жив! Заблагодари се најпрво за тоа. Дозволено ти е да се запознаеш себеси, искористи ја таа шанса. Престани со самосожалувањето и создавањето пречки на сопствениот пат. Престани да очекуваш и другите да те разбираат и да се прилагодуваат на твојот очај, свести се и стани силен. Симни го штитот, отфрли ја заштитата и тргни се настрана од сето она што те вовлекува во уште подлабока темнина. Што чекаш? Кој наместо тебе ќе го направи твојот живот подобар?

Кој може да ги промени твоите мисли и навики? Кој може наместо тебе да замисли подобра и посветла иднина? Кој наместо тебе може да направи нешто корисно за другите, наместо да седиш и да се жалиш, направи нешто, превземи чекор. Делувај!

Прегледи:
479
Објавено на:
13.02.2020