Категории

Ти имаше живот и пред да се појави тој – Се сеќаваш ли на себе?

Имаше живот и пред него, знаеш? Всушност прекрасен живот. Сети се на него и каков беше пред да се појави тој. Сети се на светот кој сјаеше и пред тој да ги украде твоите бакнежи.

Сети се која беше пред него, пред тој да остави ураган во твоето срце. Ти беше некој, не беше онаа која што си сега. Ти беше огномет, урамена слика на Пикасо, тело составено од магија и ѕвездена прашина. Ти не си глупава, нити наивна. Ти беше силна и неуништлива, бестрашна.

Пред тој да влезе во твојот живот, ти беше незапирливива олуја. Беше прекрасна, борбена и храбра.
Тој однесе дел од твојата светлина. Посегна по твојата душа и го изгасна огнот.
Го украде твојот ветер кој те туркаше напред, твојата заслепувачка насмевка, ги однесе и деловите од твоето срце а никогаш не му даде дозвола.

Но верувај, сето тоа можеш да го вратиш назад.
Не ти одзема се. Можеш да го распалиш истиот оган, повторно. Можеш да ја вратиш својата насмевка. Сеуште имаш многу нешта кои не успеа да ти ги одземе, а верувај дека се обидол.
Премногу си силна и не може да го одземе воздухот, ти си сега посилна од било кога.
Жива си, дишеш и без него.

Имаш рани за кои ќе ти е потребно време да ги излечиш. Понекогаш ти е тешко дури и да дишеш кога премногу долго мислиш на него. Но твоето срце повторно ќе заблеска. Твојата душа повторно ќе запее.
Во тебе сеуште спие магијата која тој никогаш нема да успее да ја поседува. Ако тој го однел сиот оган, не може да ја однесе твојата светлина.
Немој да престанеш да сјаеш, немој да престанеш да го осветлуваш светот.
Ја имаш сета љубов внатре во тебе која ти е потребна за да поченеш повторно од почеток.

Прегледи:
501
Објавено на:
03.03.2020