Категории

Како до совршен изглед на вашата коса: Ова се најпопуларните трендови за 2020 година!

Зимата е период од годината кога на косата и треба особена нега. Поради временските услови, недостатокот на витамини и други фактори, квалитетот на косата се намалува, а нејзиното опаѓање се зголемува.

За да не дојде до изретчување и оштетување на косата, неопходни се третмани кои ќе ја одржат здрава и сјајна, а притоа да изберете соодветна нијанса на коса која ќе внесе свежина во вашиот изглед. На самиот почеток на новата година за сите оние кои сакаат да направат промена во својот изглед, ви ги претставуваме најпопуларните бои за коса кои ќе владеат со трендовите во годината што трае.

На врвот на листата на трендови за боја на коса ќе владее фризурата на светли врвови и темни тонови на коренот, ваквиот распоред на нијансите на косата и дава волумен и димензија а одлично стои на сечиј тен.

Во изминатата година, црвените нијанси на коса беа доста популарни, меѓутоа во 2020 ни доаѓа нејзина по суптилна верзија која фризерските стручњаци ја нарекуваат „Orchard Red“. Се работи за нијанса која има црвен отсјај во која на суптилен начин се мешаат тоновите на златен бакар и розев подтон.

Ако сте во потрага по совршената плава која има повеќе жолти отколку сребрени, студени тонови, тогаш за вас совршениот избор е „honey blonde“ која сигурно ќе го освежи вашиот изглед. Оваа боја на коса потсетува на природно осветлени прамени кои настануваат во текот на летните денови, а професионалниот тим на La Sensa вели дека клучот во постигнување на ваква нијанса се крие во „подлогата“ односно треба да се пронајде совршената нијанса која ќе одговара на вашата боја на коса. Тие советуваат осветлување за само една нијанса од природната или онаа боја која ја носите.

Доколку грижата за вашата коса ја препуштите на професионалци кои користат најквалитетна козметика за нега на косата, резултатите ќе бидат неизбежни. Сега постои место каде што добивате сѐ што ќе посакате за вашата коса. Фризура, потстрижување, обликување, третмани и долготраен сјај на бојата на косата. Станува збор за студиото за убавина La Sensa, каде што ќе ја добиете нијансата на косата и негата која отсекогаш сте ја посакувале.

 

View this post on Instagram

 

🤍La Sensa – The Ultimate Salon Experience! 🤍

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Кога еднаш ќе го посетите овој салон, со сигурност ќе стане дел од вашата неделна агенда. Тука веднаш ќе ја почувствувате разликата, бидејќи вашата коса е препуштена во рацете на професионалци кои работат со најдобрите производи од Lakme, Evolution и Alfaparf.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Со најразличните третмани во зависност од типот на вашата коса, ќе го вратите природниот и здрав изглед на косата и одржувањето повеќе нема да претставува проблем. Освен фризерските услуги, La Sensa нуди уште многу други услуги како маникир и педикир, третмани на лице, депилација, масажи, солариум. Посетете ја нивната фејсбук страница и инстаграм профил и дознајте што ново подготвуваат за вас.

Прегледи:
1222
Објавено на:
14.02.2020