Дизајнерите пресудија. Оваа боја е најголем хит во моментов
Времето кога трендсетерките си поигруваа со јаки бои, судејќи според се, е зад нас. Бројни комбинации во беж боја можеа да се видат на Модната недела во Њујорк, а дизајнерите одлучија дека токму таа ќе биде моден хит на сезоната.
Иако многумина очекуваа парчиња со јаки бои и шарени аутфити, модните експерти поминаа во сосема друга насока. Неутралните и земјените тонови ќе преовладуваат во наредниот период.
Монохроматскиот стил е особено актуелен. Вклучени се сите нијанси на беж боја.
Заборавете на аутфит со јаки бои и препуштете се на беж доминацијата.