Категории

Во животот понекогаш морате јасно да одлучите: Да останете или да заминете

Секојдневно во животот се наоѓаме на раскрсница во донесувањето на различни одлуки

Го живееме животот, сонуваме некои подобри можности а се плашиме да ја напуштиме сигурноста и се наоѓаме во недоумица што да направиме. Било да мораме да избереме партнер, работа, пријатели, хобија, никогаш не можеме да бидеме сигурни која е вистинската одлука за нас. Што да прифатиме а што да одбиеме? Проблемот е уште поголем кога ни нашето срце не е начисто со самите себе, а одлуката мора да биде донесена.

Во животот понекогаш треба јасно да одлучиме, да останеме или да заминеме. нема смисла физички да бидеш присутен на едно место а емоционално на некое друго. Да се мачиш себеси и да ги мачиш и другите. Најтешко е да седиш на две столици, тогаш не си никаде и тогаш не можеш да се оттргнеш ни од двете. Неодлучноста може да стане извор на многу психофизички заболувања ако се одложува до недоглед. Освен тоа, неодлучноста создава трајно задоволство затоа што изобилие на можности не сме подготвени јасно да изговориме „да“.

Агонијата на неодлучноста е нешто најлошо што може да ни се случи затоа што тогаш знаеме дека не може никој да донесе одлука наместо нас а околу нас се почнува да изгледа толку несигурно.
Но изборот мора да биде направен, а и да биде погрешен, мораме секогаш да бидеме свесни за тоа дека можеме да почнеме од почеток. Преку грешките учиме како функционираат нештата. Се додека не одлучиме не можеме да продолжиме понатаму.
Додека не станете цврсти во донесувањето на конечна одлука, животот нема да започне. Направете го тоа, сега!

Прегледи:
492
Објавено на:
22.02.2020