Човековиот дух е сплетен од неговите избори.
„Никој никогаш не направил нешто возвишено за некој друг. Сите постапки се насочени спрема себеси, сите услуги спрема себе, сета љубов само спрема себе.. Нурнете длабоко и ќе сфатите дека не ги сакате нив: она што го сакате се пријатните чувства кои таквата љубов ги создава во вас.“
Ирвин Јалом е познат терапевт на хуманистичката и егзистенцијалната ориентација, психијатар и писател.Ви ги донесуваме најпопуларните цитати од неговите книги како што се: „Кога Ниче плачеше“, „Лечењето на Шопенхауер“, „Лежење на кауч“. „Проблем Спиноза“ и др.
-Како го објаснувате тоа кога некои луѓе се полни со самодоверба?
Прашајте се кои се тие луѓе кои се сигурни во себе, вечно ведри и мирни. Такви се само луѓето без визија, простите луѓе и децата. Очајот е цена која човек ја плаќа за својата самосвесност. Интелигентниот човек не е секогаш сигурен во она што го прави и зборува. Паметните луѓе секогаш преиспитуваат.
-Само ранетиот исцелител може вистински да излечи.
-Секоја личност мора да одлучи колку вистина ќе понесе.
-Од голема висина, секоја трагедија изгледа помалку трагично.
-Животот е искра на светлината помеѓу две празнина: темнината пред раѓањето и темнината на смртта.
=Не раѓајте деца додека не бидете подготвени да бидете создавачи и да создавате создавачи. Погрешно е да раѓате деца од потреба, да ги користите децата за пополнувањето на осаменоста, да произведувате копии на себе само за да си осигурате цел на себеси. Погрешно е да барате бесмртност сеејќи го своето семе во иднината, како тоа да ќе ја задржи вашата свест.
-Човековиот дух е сплетен од неговите избори.
-Јас сонувам за љубов која е нешто повеќе од желба на двајца луѓе да се поседуваат еден со друг.
-Кога личноста која поседува ретки таленти ја терате да работи работа која е помалку корисна, тоа е како да ја користите украсената скапоцена и деликатна ваза да ја користите како кујнски лонец.