Категории

(ФОТО) Бела кошула – Задолжително модно парче оваа пролет

Класичната бела кошула не смее да изостанува во вашиот плакар претстојната пролетна сезона

Безвременската модна класика – белата кошула е задолжително модно парче кое морате да го поседувате во вашиот плакар.

Таа се истакнува како фаворит и кај машката и кај женската гардероба баш поради својата едноставност и сестраност да се комбинира во безброј различни комбинации без оглед на сезоната. Во најстудените зимски денови обожаваме да ја носиме со големите oversized џемпери, додека во пролетната сезона таа е идеално парче во комбинација со фармерки и лелеави здолништа, додека во летниот период можете да ја носите и преку костимот за капење.

Прегледи:
486
Објавено на:
04.03.2020