Категории

Не плачи и не моли – Кога една врата се затвора, други се отвораат!

Животот веќе безброј пати покажал дека кога една врата се затвора, ти се отвораат низа други. Оние кои те отфрлиле ќе го откријат тоа порано или подоцна а ти дотогаш ќе имаш сосема нови луѓе покрај себе, среден живот и подобро утре.

Среќа во несреќа е што на таквите им остануваш благодарен за цел живот. Те исфрлаат затоа што си подготвуваат место за некој поважен а на крајот не им доаѓа никој. Во почетокот тоа воопшто не е пријатно. Да бидеш отфрлен и одбиен. Да се прашуваш и да бараш место каде што припаѓаш. Како и да се чувствуваш, не моли да те примат назад, затоа што ако им било грижа за тебе, немало така лесно да те отфрлат.

Некои луѓе те одбиваат од својот живот, но немој да се бунтуваш и да бараш пат за да се вратиш во него. Само исправи се и продолжи напред. Животот веќе безброј пати покажал дека кога една врата се затвора, ти се отвораат низа други. Оние кои те отфрлиле ќе го откријат тоа порано или подоцна а ти дотогаш ќе имаш сосема нови луѓе покрај себе, среден живот и подобро утре.

Кога самите те туркаат надвор од својот живот со нивното лошо однесување, малтретирање, непочит, понижување, имај достоинство и кажи доста. Погрижи се за сопствениот мир и оддалечи се, не ја обвинувај судбината за тоа.

Никогаш не ја заборавај сопствената вредност, тоа е реален живот. Кога ја знаеш сопствената вредност, тогаш никој нема да може да ти наредува затоа што самиот ќе знаеш до каде стои твојата граница и што е она што вистински го сакаш да го имаш покрај себе.
Само заблагодари им се што те научиле да не се задоволуваш со трошки почит и да бараш место каде што ќе те ценат онолку колку што вредиш и ќе те прифатат таков каков што си.