Категории

Престани да се споредуваш со другите

Тогаш кога ќе престанеш да се споредуваш со другите ќе почувствуваш вистинска исполнетост

Зошто да ја следиш колоната во која стојат сите и да не излезеш од неа и да станеш свој, за прв пат да донесеш некоја промена монотонијата која ја среќаваме секој ден. Тогаш кога ќе се прифатиш самиот себеси онаков каков што си, никој не може да те употреби самиот против тебе, никој нема да може да ти наштети и да ти донесе чувство на вина и каење. Тогаш ќе станеш личност која другите ќе ја почитуваат.

Еднаш кога ќе престанеш да се споредуваш со другите луѓе и ќе сфатиш дека си роден со потенцијал кој може да ја промени оваа земја, тогаш ќе откриеш како можеш да го искористиш максимално. Нема повеќе да молиш за да те прифатат, да бидеш дел од некоја заедница која живее според некои правила кои не му се допаѓаат на никој. Ќе правиш нешто во кое вистински ќе уживаш.

Тогаш нема повеќе да носиш рани и белези во твојата душа. Никој повеќе нама да знае како да те повреди и кои слабости да ги искористи против тебе, затоа што ти веќе не гледаш на нив како на слабости, туку како на предности кои те прават посебна и незаменлива личност.

Прегледи:
443
Објавено на:
08.03.2020