Категории

(ФОТО) Кралски раскош: Војвотката Кетрин божествена во сина тоалета на прием во Бакингамската палата

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон мамеше воздишни како домаќинка на приемот во кралската палата

Кејт Мидлтон беше домаќинка на 25-годишнината од Place2Be, детската добротворна организација во чија чест беше организиран прием во Бакингамската палата. За оваа прилика, војвотката избра елегантна сина тоалета украсена со кристали е дело на нејзината омилена дизајнерка Jenny Packham. Раскошната креација прв пат ја носеше на кралската турнеа во Индија и Бутан во 2016 година.

Целокупниот изглед го коплетираше со идентична ташна изработена со кристали, елегантни обетки и светкави потпетици.