Приказна која ќе ја паметите долго..
Кога професорот завршил со предавањето, како и обично ги запрашал студентите дали имаат прашања.
Не очекувајќи никакво прашање, бил прилично изненаден кога еден од студентите рекол:
„Професоре, која е смислата на животот?“
Некои од студентите кои веќе ја напуштале просторијата, се потсмевале на тоа прашање на својот колега.
Изненаден, професорот долго време го посматрал својот студент прашувајќи го дали неговото прашање било сериозно прашање или обична шега.
Сфатил дека студентот сепак тоа прашање го поставил со сериозна намера.
Потоа професорот одговорил:
„Ќе ви одговорам.“
Посегнал во џебот и го извадил својот новчаник а од него извлекол парче огледало со големина колку нокт. И ја започнал својата приказна:
„Бев дете, за време на војната. Еден ден на улица забележав безброј парчиња огледало кое некој го скршил. Немав никакви играчки и зедов едно парче од тоа огледало за да си играм со него. Кога почнав да си играм, забележав дека со помош на тоа парче огледало можам да ја насочам сончевата светлина на некои места и агли каде што сонцето не може никогаш да допре: Во длабоките дупки, темните простории на северната и студена страна на зградата..
Кога пораснав и станав човек сфатив дека тоа не беше само игра туку и метафора на она што би можел да го правам во животот. И јас сум парче од едно огледало кое не го познавам во целост како и својата и неговата величина.
Но со она што го имам и што мислам дека сум, можам да внесам барем малку светлина, вистина, разбирање, добрина и нежност во темните и сокриени делови на човечките срца и можеби да променам нешто во човекот чие срце е мрачно.
Ако и друите луѓе тоа го забележат и сфатат, можеби ќе се потрудат да го направат истото – да внесат светлина таму каде што ја нема:
Етем во тоа за мене лежи вистината за смислата на животот и поради тоа сеуште го чувам тоа парче огледало затоа што ми го покажа патот во мојата игра на светлината.“