Категории

НИКАКО не ги прскате вашите миленици со дезинфекциони средства – Топла вода и сапун се сосема доволни

Многумина овие денови прашуваат дали може да се заразат со корона вирус од своите домашни миленици, но никој не прашува дали всушност ние можеме да ги заразиме нив со корона вирусот.

Ветеринарите советуваат дека за хигиената на домашните миленици за време на корона вирусот е доволно да се користи топла вода и сапун. Тие советуваат дека не е потребно да го капите вашиот миленик секогаш откако ќе се вратите дома од прошетка, наместо тоа, доволно е само пребришување на шепите и околу устата со влажна крпа и сапун. Строго се забранува употреба на дезинфекциони сретства врз домашните животни кои можат сериозно да го загрозат нивното здравје.

Засега не постојат никакви докази дека корона вирусот може да биде пренесен од домашните миленици, нити дека ние можеме да им го пренесеме нив.

Прегледи:
418
Објавено на:
28.03.2020