Погледнете неколку едноставни јога вежби кои можат да ви помогнат доколку имате тегоби во вратот и рамената
Мускулите на вратот трпат голем притисок затоа што ја носат тежината на главата поради што рамената се склони кон воспаление и вкочанетост. Неправилното држење, стресот и долгото седење може да доведе до лоша циркулација во пределот на вратот.
Неправилното спиење и перницата која не ви одговара исто така можат да предизвикаат вкочанетост во овој дел од телото.
Симптомите можат да бидат главоболка, вртоглавица, замаглен вид, чувство на трнливост, спазми на мускулите и вратот и болка.
Со помош на овие јога вежби, ослободете се од сите непријатности во овие делови од телото.