Категории

Прашање кое ги мачи сите жени – Дали коронавирусот може да се задржи на косата?

Коронавирусот се шири низ светот со неверојатна брзина, поради што научниците неуморно истражувааат и се обидуваат да дојдат до што поголем број одговори за неговото однесување и начините на кои можете да се заштитите.

Едно од прашањата кое се смета за доста важно е колку вирусот може да преживее на одредени површини.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести CDC, проценува дека коронавирусот опстанува неколку часа до неколку денови во зависност од подлогата и условите.
Се верува дека на не’рѓосувачки челик и пластика може да преживе од два до три дена.
Се испитува колку долго може да се задржи на ткаенини, како облека или мебел, а една од „локациите“ за кои досега не сме размислувале е косата.

„Вирусите обично живеат доста кратко на површини како што е косата“ – вели др. Сад Омер, директор на Јејл институтот за јавно здравје.

Од друга страна, дерматологот др. Адам Фрајдмен објаснува:
„Косата има свои природни маска кои влакната ги покриваат и играат улога на своевидна заштита. Тие масла имаат одредени антимикробни својства и од нив зависи колку силно и долго микроорганизмите се задржуваат на косата.“

Експертите заклучуваат дека е сосема возможна коронавирусот да се најде во косата, но не треба премногу да се грижите доколку ја одржувате вашата хигиена редовно.

„Најдобар начин да бидете сигурни е да ја миете вашата коса редовно.
Косата треба да се мие на вообичаениот начин – со шампон така што ќе ги отстраните сите нечистотии од влакната и скалпот. “

Др. Сад препорачува да ја миете косата секој ден, еднаш дневно додека трае епидемијата на коронавирусот.

Стручњаците исто така советуваат да не дозволувате косата да го допира вашето лице, очи, нос или уста и најдобро е да ја носите врзана во коњско опавче или плетенка која паѓа назад на грбот со цел ризикот од заразување да биде сведен на минимум.

Прегледи:
549
Објавено на:
09.04.2020