Фустан за недепилирани нозе, куче околу вратот.. Луѓето споделуваат фотографии од своите изгледи по дома
“Working From Home Fits” е Инстаграм профил посветен на работата од дома и соодветните модни комбинации, кога веќе деловниот ‘dress code’ не важи. Профилот го создадоа група модни уредници од Лондон и Њујорк, помеѓу кои е и дизајнерката Сузан Александра, стилистот Џордин Бикам, новинарката Наоми Фрај, авторот Мортдекаи Рубинстеин и инфлуенсерката Боби Били.
Има навистина се и сешто – од пижами и тренерки, до раскошни фустани, секој го носи она во кое се чувствува удобно и пријатно, а сето тоа послужи за објавување на забавни фотографии и низа шеги.
„Се нарекува „земи-и-замини“ фустан – долг и многу широк, само нафрлете го на себе. Никој нема да забележи дека сте престанале да ги депилирате нозете.“ – напиша една од девојките која одлучи да објави фотографија на овој профил.
„Заборавете на пуфкастите ракави. Најмодерниот детал за рамена во карантинската пролетна сезона е асиметрично куче.“ – сподели актерот Карл Глусман.