Категории

Наместо да се грижиш што би можело да тргне наопаку – Мисли што би можело да тргне по вистинскиот пат!

Не секој ден во нашиот живот донесува нешто кое го посакуваме. Постојат и такви кои ни носат порази, предавства и болка.

Но нештата кои се скршени можат да се поправат. Немој да го отфрлаш целиот мозаик од твоите постигнувања ако само едно парче е твој неуспех. Додека си жив и дишеш сите нешта можат да се променат, и можеш да делуваш во тоа.

Немој да го пречркташ цело поглавје на твојот живот само затоа што во него се случило нешто кое не си го посакувал. Најубавите нешта доаѓаат кога ќе сфатиме дека дури и грешките можат да бидат претворени во ремек дело.

Престани да се грижиш и да размислуваш што би можело да тргне наопаку, наместо тоа фокусирај се на сите нешта кои можеле да тргнат по вистиснкиот пат. Само тогаш ќе можеш да дожвиееш нешто прекрасно и само тогаш твојот живот ќе биде исполнет со среќни поглавја на кои секогаш со радост ќе се присетуваш!

Прегледи:
472
Објавено на:
14.04.2020