Категории

Научници од САД се многу блиску во пронаоѓањето на вакцина против коронавирусот

Американската амбасада објавува дека научниците се доста блиску во пронаоѓањето на вакцината против Covid-19 која ќе го спречи ширењето на вирусот

Научниците од САД се доста блиску во пронаоѓањето на вакцината која би го заштитила светот од ширењето на Covid-19, објавува сајтот https://share.america.gov.

Се наведува дека неколку воспоставени партнерства веќе дошле до фаза која ќе започне со тестирање на вакцината на луѓе, што е голем чекор во докажувањето дека лекот е безбеден и помага во лечењето.

Тие исто така наведуваат дека во тек е и пронаоѓање на начини како најдобро да се управува испораката на вакцината кога таа ќе биде подготвена.
Од Амбасадата додадоа дека научниците во америчките компании и на универзитетите успеаа во своето истражување за доста краток период од само неколку седмици за кое иначе се очекуваше да трае месеци дури и години.

Во ова истражување, додатна поддршка даде и претседателот на САД- Доналд Трамп кој определи 8,3 милијарди долари за борба против Covid-19.

Прегледи:
503
Објавено на:
14.04.2020