Категории

Чувајте ги луѓето кои ви значат, животот не дава секогаш втора шанса

Чувајте ги луѓето кои ги сакате, немојте да ги изгубите поради бесмислени нешта.

Немојте да се разбудите утре и да се каете поради некој збор кој сте го кажале во наплив на лутина, поради краткотрајни емоции или бесмислени каприци. Немојте да дозволите да гледате како пред вас се затвора вратата а вие стоите немо и беспомошно.
Немојте да дозволите бесот да ги убие сите чувства кои толку живописно живеат во вас.

Борете се за луѓето кои го исполнуваат вашиот живот со радост и убавина, кои се виножито во вашите мрачни облаци. Не дозволувајте да ги изгубите затоа што нивното место никој не ќе може да го пополне. Немојте да се коцкате со нивната доверба затоа што вие ќе бидете страната која ќе загуби. Бидете мудри и ценете го нивното присуство, животот не секогаш дава втора шанса!

Прегледи:
723
Објавено на:
17.04.2020