Категории

Прифати ги сопствените слабости и претвори ги во цврстина

Научи да живееш со своите слабости, тие се дел од твоето битие и не гледај на нив како на нешто лошо.

Научи дека животот мораш да го живеш со двете страни од себе, добрата и онаа лошата, тоа е дел од секого од нас. Понекогаш животот ќе ја предизвикува твојата лоша страна многу повеќе, ќе има луѓе кои ќе се обидуваат да те срушат но сето тоа е само искушение низ кое мораш да поминеш и повторно да излезеш чист.

Понекогаш луѓето само ќе ја гледаат твојата лоша страна и колку да се обидуваш да им ја покажеш онаа добрата, што и да направиш тоа е само одраз на нивната душа, тие не те гледаат тебе туку се гледаат себеси.

Запомни дека никогаш не смееш да му дозволиш на стравот од промена да те контролира и да те држи заробен, научи да си веруваш на себеси и на својата моќ на трансформација. Не можеш да останеш ист човек целиот свој живот и сето тоа е нормално. Научи да живееш со сиот разнолик спектар на својот карактер и обиди се да ги прифатиш и засакаш сите свои страни, она што можеш – промени го, она што не можеш – прифати го, но никогаш не заборавај да го даваш најдоброто од себеси!

Прегледи:
475
Објавено на:
20.04.2020