„Целта на молитвата не е толку во тоа да го добиеме она кое го бараме колку што е во тоа да станеме поинакви!“
Се случило за време на гладот после Втората светска војна. Едно дете седено на гранката од едно дрво слива во градината на својот татко со кошница полна набрани сливи.
Тогаш му пришла една жена од соседната градина и го запрашала дали смее да ги собере сливите кои паднале на нејзината страна. Му рекла на детето: „Доаѓам од градот, и немам ништо за јадење!“
Без нималку размислувањето детето одговорило: „Секако! Веднаш ќе ви истресам неколку од нив!“
Жената била пресреќна и не знаела како да му се заблагодари. Тогаш рекла: „Ќе се молам за тебе еден ден да добиеш добра сопруга.“
Таа редовно се молела за тоа. Но дали била слушната?
Детето пораснало но вооошто не се оженило. Станало свештеник. Сигурно нејзината молитва не била услишана онака како што таа замислувала. Но била услишана на начин на кој таа воопшто не можела нити да помисли. Таа посакала да се помоли за малото дете да го добие најдоброто, но зарем можела да знае што е најдобро за него? Тоа единствено го знае само Бог.
„Целта на молитвата не е толку во тоа да го добиеме она кое го бараме колку што е во тоа да станеме поинакви!“