Категории

Не дозволувајте вашите очи да ги заслепат оние кои во сѐ гледаат нешто црно

Не дозволувајте им да ја уништат убавината во вашиот живот оние кои на се гледаат како на нешто црно

Убавината околу тебе зависи само од твојот поглед. Не дозволувај оние кои велат дека светот е лош и злобен да направат да почнеш да го гледаш светот низ нивните очи,  да изгубиш се во што си веруваш.
Немој да дозволуваш да ти ставаат превез на очите оние кои се откажале без борба, оние кои избрале да бидат жртви наместо да се спротивстават. Од нас зависи каков ќе биде нашиот живот и нашата иднина, каков пат ќе ни се отсликува пред нас. Ние сме оние кои решаваме дали од борбата ќе излеземе како победници или губитници.

Немојте да дозволувате вашите очи да се навикнат да го гледаат само она надворешното, најубавото е она кое не може да се види. Спомените, чувствата, односите, блискоста. Немојте да дозволите еден дождлив ден да ги уништи сите сончеви денови. Живејте го вашиот живот и дозволете да почувствувате се што ви носи, гледајте на него од ваша перспектива а не од туѓа.
Не секој гледа исто на нештата, и вистинската магија всушност се крие баш во тоа.

Прегледи:
595
Објавено на:
25.04.2020