Оваа година, познатиот мирис одбележува 99 години. „Мирис на жената која мириса на жена“, така самата Габриел Шанел го претставила Chanel 5.
Оваа година, познатиот мирис одбележува 99 години.
„Мирис на жената која мириса на жена“, така самата Габриел Шанел го претставила Chanel 5.
Таква карактеристика може да звучи премногу претенциозно за било кој друг мирис, освен овој. Во чест на неговиот 99-роденден што претставува едно доста значајно обележје во светот на beauty индустријата, одлучивме да ви ја споделиме приказната за еден од најлегендарните парфеми на светот.
Идеата за создавањето на мирисот Chanel 5, и паднала на памет на Габриел Шанел во 1921 година во текот на еден летен одмор во Монте Карло. Габриел поминувала време во друштво на големиот принц Димитри, внукот на царот Никола II, и уште неколку познати пријатели: уметникот Џозеф Мариа Серт и неговата сопруга Миси. После ова патување, Шанел им раскажала на сите дека сака да создаде сопствен парфем кој „нема да биде како нити еден друг“.
На тогашниот љубовник, Домитри Романов му рекла што сака, а тој го повикал парфимерот на руското царско семејство – Ернест Бо.
Историјата на создавањето на легендарниот парфем е поврзана со името на овој парфимер. Интересно е тоа што Ернест Бо е роден во Москва во 1881 година во семејство на француски емигранти. После револуцијата во 1917, Ернест се вратил во Франција и се населил близу Грасе, каде ја запознал „Коко“ Шанел.
Зошто бројот 5?
Габриел сакала парфемот да има гласно лирско име, како што било во мода во почетокот на 20-от век, веќе го нарекувала Chanel No.5. Името било едноставно и лесно за помнење, лесно се памети ширум светот без превод.
Пет бил омилениот број на Коко Шанел. Од десет опции на примероци од овој мирис кои ги предложил Ернест Бо, Коко го избрала петтиот. Габриел „Коко“ Шанел е родена во хороскопскиот знак Лав кој се смета за петти во низата во кругот на зодијакот.
Аромата нема доминантни ноти, но и покрај тоа можете веднаш да ја препознаете цветната композиција во составот. Содржи најмалку 80 различни состојки, зајакнати со алдехидни ноти кои за прв пат се користат во толкави пропорции. Формулата на мирисот се чува како строго доверлива тајна и е сместена во сеф, а шифрата му е позната само на Оливер Полж – парфимерот на компанијата Chanel.
„Сакам на жените да им дадам вештачка арома, нагласувам – вештачка. Сакам да ја создадеме ние“ – рекла Коко Шанел во 1921 година.
Ернест на Габриел и понудил неколку примероци на ароми, од кои на крајот го избрала петтиот, во кој бил додаден и јасмин од омилените полиња во Грас – а тоа била првата природна состојка во составот, но не и последна. Chanel 5 исто така содржи ноти на иланг-иланг, нероли, мајски ружи, сандаловина, ванила и ветивер.
Првото заштитно лице на овој парфем била самата Габриел Шанел, а потоа на листата на музи на француската куќа до денес се нашле бројни познати манекенки и актерки помеѓу кои Никол Кидман, Жизел Бундхен, Одри Тоту, Кетрин Денув, Лили Роуз Деп а до сега единствениот амбасадор на брендот бил холивудскиот актер Бред Пит.
Во 1954 година, Мерлин Монро на едно новинарско прашање за тоа што сака да носи ноќе, одговорила: „Само неколку капки Chanel No.5“, после што мирисот стана легенда.