Категории

„Не ги прифаќам твоите навреди, нека ти припаѓаат тебе!“ – Мудра приказна

Ако ти мене ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, на кого тој подарок и понатаму му припаѓа? – прашал мудрецот.

Постоел еден тибетански монах кој бил сметан за свет човек. Кај него по совет доаѓале луѓе од најоддалечените краеви, а го сметале за личност која отсекогаш била смирена и човек кој бил невозможно да се навреди.

Некој зол човек кога го слушнал тоа, одлучил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и штом го видел веднаш почнал да го навредува и понижува најлошо што можел.
Откако веќе не му останале повеќе навредливи зборови останал вчудоневиден кога сфатил дека монахот и понатаму останал смирен и присебен како и пред неговото доаѓање.

Тоа многу го изнервирало злобниот човек па продолжиш да пцуе уште полошо отколку претходно, но залудно – изгледало како сето тоа воопшто да не го допира мудрецот.
Кога останал без пцовки и ја изгубил својата енергија, решил да му пријде на монахот и да ја открие неговата тајна.

-Ги разбирам јас тие ваши духовни нешта и дека не ви е грижа што другите мислат и зборуваат за вас, но, јас те понижив и навредив, треба да научиш дека мораш да се бориш за себеси – му рекол.

-Синко, може ли да ти поставам две прашања? – го запрашал монахот прозборувајќи за прв пат.

-Секако – рекол човекот.

-Ако ти мене ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, на кого тој подарок и понатаму му припаѓа? – прашал мудрецот.

-Па ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој и понатаму ми припаѓа мене.

-А сега, сине мој, ако ти за мене имаш само навреди, а јас не ги прифаќам, на кого му припаѓаат тие? – заклучил мудриот човек, се завртил и заминал.

Прегледи:
648
Објавено на:
28.05.2020