Категории

Грижи се за себе – Му го должиш тоа на своето тело!

Никој друг нема да го направи сето тоа наместо тебе – Грижи се за себеси!

Те гледам како негрижливо се однесуваш спрема себеси.
Утре ќе го сториш тоа, позадутре. Овие денови. За скоро.

Забораваш. Забораваш на своето здравје.
Забораваш на своето здравје на бирото преполно со документи.
Забораваш на себеси со прескокнувањето на појадокот, со одбирањето да седиш наместо да се движиш.
Забораваш на своето тело, забораваш на својата душа.
Не размислуваш за последиците, не размислуваш за себеси затоа што си толку зафатена околу тоа што другите размислуваат кога размислуваат за тебе.
Не размислуваш за тоа кога последен пат си се погледната себеси во огледало и си рекла одлично се чувствувам.
Забораваш ан луѓето кои те сакаат и не можат да го замислат својот свет без тебе, ако не си тука, им должиш нив да бидеш здрава и да се грижиш за себеси.
А најмногу од се си должиш на самата себе, на своето тело кое и понатаму се бори против сите удари кои му ги задаваш – против макотрпната работа до утринските часови, и покрај прескокнувањето оброци и лошата храна, и покрај мрзеливоста и незадовлството, тоа се бори за тебе.
Биди барем малце благодарна за сето тоа, и возврати му. Грижи се за себе!

Прегледи:
608
Објавено на:
28.05.2020