Масните наслаги на стомакот се она што ги мачи поголемиот дел од жените. Салото од овој дел од стомакот најтешко се отстранува, но овие вежби може да помогнат во тоа.
За најдобри резултати се препорачува да направите комбинација од правилна исхрана и специјално наменети вежби за затегнување следејќи ги онлајн часовите на инструкторките на PowerHouse Pilates кои ќе продолжат и во месец јуни, сѐ додека не се стабилизира ситуацијата и се вратиме назад во некое од студијата.
Овие вежби бараат труд, концентрација и правилно дишење, а освен што ги активираат мускулите, помагаат и при подобро држење, а воедно и при отстранувањето на болките кои настануваат поради неактивност на телото.
Пилатес инструкторките од PowerHouse Pilates советуваат да внесувате и доволно течности во текот на денот, бидејќи тоа дополнително влијае во процесот на слабеење. Освен што влијаат врз физичкиот изглед, овие вежби ќе ја подобрат и здравствената состојба на организмот.
Погледнете како изгледаат дел од вежбите кои може да ги следите преку апликацијата „Zoom“ секој ден во одредените термини.