Категории

(ФОТО) Извонреден летен стајлинг на кралицата Летисија кој ќе ве воодушеви

Тренди, дамски и забавен – Кралицата Летисија знае како да го состави совршениот летен стајлинг

Кралот Фелипе и Кралицата Летисија пред два дена во Мадрид го посетија спортскиот центар и разговараа со голем број познати шпански спортисти кои тренираа и се вратија на своите секојдневни обврски после критичниот период на пандемијата на коронавирусот.

Нејзиното височествоо воодушеви во беспрекорна модна комбинација која ја избра за оваа прилика како вистински пример на деловен стил за пролетните и летните денови.

Белото одело со потписот на Carolina Herrera го искомбинира со розова маица со бели туфни и пролетни сандали на платформа.