Категории

Бидете во близина на оние луѓе кои во вас будат само добро

Чувајте ги оние луѓе кои во вас будат човек кој сака да создава добро

Ретки се оние луѓе кои во вас ја будат вашата подобра страна, онаа која е грижлива, внимателна и нежна. Луѓе кои не се деструктивни, кои не се обидуваат да му наштетат некому, кои не се хранат со туѓото страдање и болка. Ретки се но вистински, постојат и се околу вас, само треба да ги согледате подобро. Можеби и тие како и вас се исплашени дека некој можеби ќе помисли дека се слаби и ранливи.

Грижете се добро и немојте никогаш да ги разочарате, бидете им светлина како што тие ви се надеж на вам. Знајте дека тие се луѓе за секакви времиња, луѓе за цела вечност кои ќе ве туркаат напред и ќе ве тераат да ги остварите сите свои желби, затоа што тие имаат посебни очи кои знаат да ја согледаат чистината на душата.

Бидете во нивна близина и не испуштајте ги од рацете, таквите луѓе се скапоцени. Додека нивната дланка стои на вашето рамо, знајте дека сте безбедни во овој луд свет.

Прегледи:
526
Објавено на:
22.06.2020